ЗА НАС

Здружението „Музика – сега“ е правен субјект формиран во јуни 2020та година. Иако е настанато во услови на глобална пандемија, ова здружение беше формирано за да се грижи за општите права на музичарите и музичките работници во Македонија. На почетокот беше во вид на иницијатива која отвори неколку прашања коишто сметавме дека во тој момент беа актуелни, во врска со немањето никакви ангажмани, и немањето никакви насоки и динамика на македонската музика во услови на пандемија. Но, целта на ова здружение никогаш не била краткотрајна. Во Македонија, најголемиот број музичари, дури и професионалните, се наоѓаат во една „сива зона“, во милост и немилост на екстерни услови и без било каква поддршка и разбирање од политичките фактори. Со оглед на тоа дека оваа состојба трае можеби повеќе од 25 години, група музичари – ентузијасти се самоорганизираа во еден тим и го создадоа ова Здружение кое ќе се бори за своите и правата на сите колеги од музичката индустрија и сите сродни на неа. Ова Здружение планира спроведување на ЦЕЛОСНО транспарентен однос кон своите членови и кон пошироката јавност, особено во делот на буџетот, преку редовни објави на план прогарам и финансиски нацрт планови на веб страната.

Работно време

Понеделник - Петок / 8.30-16.30

Неработни денови

Викенди/Официјални празници

Барање за членство во ЗУПМ-Музика Сега