Информација

Почитувани членови, симпатизери и пријатели на здружението ЗУПМ-„Музика Сега“, знаеме дека со нетрпение очекувате информација која е поврзана со следната транша на обесштетување од страна на Владата и евентуалното попуштање на мерките и рестартирање на овој сектор. Затоа, должни сме да ве известиме дека за целиот овој период, сите 6 здруженија (кои неодамна потпишаа МЕМОРАНДУМ за соработка и заедничко делување), сме на линија и во комуникација со лица од Владата. Од понеделник тие разговори ќе се интензивираат и преточат во официјални средби со цел да договориме евентуален нов пакет обесштетување, како и неговиот модел, висина и временска рамка. Исто така, ќе инсистираме на конкретни одговори, кога и во колку фази ќе се случи повторното враќање на музичките настапи од секаков вид. ЗУПМ “Музика Сега” и останатите 5 здруженија, ке заземат заеднички став и ќе делуваат на начин на кој ќе биде претходно договорен и којшто ќе кореспондира во зависност од исходот на разговорите со Владата на РМ. Тоа е она што сега засега го знаеме, за секоја нова информација во текот на разговорите и крајниот епилог ќе бидете благовремено известени.

Со почит,
ЗУПМ – Музика Сега

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on print
Share on email

Работно време

Понеделник - Петок / 8.30-16.30

Неработни денови

Викенди/Официјални празници

Барање за членство во ЗУПМ-Музика Сега