Денес, 04.11.2020 година,беше одржан состанок на членовите на здружението МУЗИКА СЕГА на кое се водеше дискусија на неколку теми и беа донесени следните заклучоци за следните чекори:
- Најдоцна до петок доставување на регистерот на пристапени членови до надлежните и релевантни фактори кои носат одлуки за финансиските пакет мерки за музичарите
- Час поскоро формирање на музичката унија со меморандум со останатите здруженија на музичари и заеднички настап за крупните проблеми пред институциите
- Состанок и дискусија во УЈП кои би се случиле во текот на следната недела
- Разно
На втората половина од состанокот како гостин присуствуваше и г-ин Горјан Стојановски, претседател на здружението на естрадни уметници.
Со почит,
Здружение за унапредување на правата на музичарите МУЗИКА СЕГА
П.С. Уште еднаш апелираме сите заинтересирани да побрзаат и во нивен интерес е ДО ПЕТОК да се зачленат во МУЗИКА СЕГА и со тоа влезат во регистерот на членови кој треба да го доставиме