Известување за седницата на ЗУПМ “Музика Сега” – Скопје, оддржана на 09.01.2021
На седницата се постапуваше по следниот дневен ред:
1. Реструктуирање:
- a. Од страна на постоечкиот управен одбор, беше истакната потребата за зголемување на бројот, од 3 на 5 членови со предложените Петар Младеновски и Гоце Стевковски. Беше спроведено гласање каде сите едногласно го поддржаа предлогот. Со оглед на потребата од статутарни измени за оваа точка, финалната одлука ќе се донесе и спроведе на следната или друга седница кога ќе бидат исполнети сите услови.
- б. Истакната е потреба од проширување и на собранието а како нови членови беа предложени : Неврус Бајрам, Нино Спиркоски, Љупчо Соколовски, Дарко Илиевски, Ненад Стефановски, Гога Поп Георгиевски. Предлогот беше едногласно усвоен а за продложените ќе се дебатира на следната или друга седница кога ќе поминат потребните статутарни измени.
- в. Оформување на техничка служба, составена од 3 члена. Моментално, во истата служба се Калина Велковска, Виктор Николовски а истакната е потребата да се прими уште еден член во таа служба. Беше отворена расправа за важноста на службата. За предлогот гласаа сите присутни а понатаму ќе се разговара за дополнителниот кандидат.
- г. Оформување на надзорен орган. За потребата се отвори дискусија но со оглед на тоа дека за овој орга се потребни статутарни измени, за истиот ќе се дебатира понатака.
2. Членови и членарина:
- а. Се обрати претседателот со извештај за одржаните средби со сродните здруженија на кои беше дискутирана унифицирана цена и тоа: 1500 денари годишно. Откако беше отворена расправа, беа сослушани Гога Поп Георгиев, Ѓоко Максимовски, Неврус Бајрам и Љупчо Соколовски кои искажаа свое мислење на оваа тема. На крајот од дискусијата беше изгласана висината на цената од 1500 ден и рок од 30 дена за уплаќање на членарината од моментот на објава. Можноста за продолжување на рокот постои ако за тоа има потреба. Сите детали поврзани со уплатата на годишната членарина како и образложувањето за нивната потреба за функционалност на здружението и деталниот буџет со сите потребни трошоци за тековно работење на истото ќе бидат објавени на групата и официјалната фејсбук страна наскоро!
- б. Во врска со изработката на членските картички, обврската, да се добие информација за цени и дизајн ја превзема Ненад Стефановски.
- в. Од претседателот е предложена а од собранието со гласање е усвоена потребата од формирање на комисија за проверка на членови (начини на соработка со останатите здруженија за контрола и проверка на податоци, теренски активности). Членот на управен одбор, Никола Автовски даде предлог за решение на оваа точка:
по еден член од управен, надзорен и сообрание на волонтерска основа. Предложени и од собранието прифатени се: Благоја Антовски, Петар Младеновски, Љупчо Соколовски, Дарко Илиевски.
3. Датабаза
- а. Претседателот ја изнесе потребата од контрола на датабазата на членови. Се дискутираше за формата и техничките аспекти. Никола Автовски презема обврска да дознае информации, потребни за квалитетно ажурирање на истата. Беше и разговарано за техничките и финансиски аспекти на изработката на собствена web страна. Сето тоа ќе биде етаблирано од страна на Никола Автовски.
4.Извештај за проектот Помош со четвртиот пакет мерки на владата на РСМ
Претседателот ги извести членовите на собранието за статистичките и други аспекти на спроведувањето на проектот. Беше изнесено дека севкупно биле покриени 706 членови ( на сите здруженија ) од кои од нашето здружение, повратна информација дека ја добиле помошта имаме од 189.
32 наши членови задоцниле со испраќањето на нивните податоци и не добиле помош, 17 имаа пречки од кои на 14 им беа исправени по контакт од наша страна. Беше истакнато задоволство за остварениот процент но и напомена дека во иднина мора да има подобра комуникација со членството и другите здруженија.
5. Проекција и план на ЗУПМ Музика Сега
Беше отворена темата за креирање Комора која на повисоко ниво ќе се бори за правата на музичарите. Беше разговарано и за буџетот на здружението за кој подлабоко ќе се разговара откако ќе започне наплатата на членарината и разгледани други можности за финансирање. Се разговараше и за потребата од поддршката на Министерство за култура која сеуште не комуницира со здружението како и потреба од самоедукација на членовите со Законот за здруженија и сојузи.
6.Разно (повторно ревидирање на денешниот дневен ред, како и дополнителни коментари од страна на целокупното членство, прашања и одговори на постоечккото сообрание кон новите членови на истото,
затворање на седницата од страна на претседателот).