Почитувани членови на ЗУПМ “Музика Сега” но и сите останати музичари независно на која “фела” на која националност и на кој етникум припаѓате, денес Комисијата за заразни болести излезе со нови предлог мерки кои би важеле од 1 јуни 2021 година и се дадени на разгледување на Кризниот штаб т.е. Владата и за жал по сите наши заложби и укажувања и овој пат никаде не се споменати музичарите односно укинување на забраната за организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот кој се однесува за кафетерии и угостителски објекти (Службен весник бр.170 Прилог број 7 и 8 точка број 15). Пред малку се случи и прес на Министерот за здравство г-дин Венко Филипче и неговото претставување на мерките беше конфузно и нејасно во врска со музичарите и нивната дејност и дозволата за работа,но се додека концизно и јасно не се укине мерката од Службен весник бр.170 Прилог број 7 и 8 точка број 15 за нас ова олабавување е половично и дискриминира голем број од нашите колеги – музичари.Како што сите сме сведоци, состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот SarsCoV2 се стабилизира и денешните предлози од КЗЗ за олабавување на мерките како што се – укинување на маска на отворено,престанокот на забрана за групирање на отворено, дозвола за организирање на свадби и настани на отворено и да се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на маса се и тоа како доволен предуслов точката 15 од службен весник бр 170 да се укине и конечно на музичката фела да и се дозволи да работи според својата дејност. Забраната за музичка дејност важи од 23 Јуни 2020 година и оттогаш па до април оваа година ни се случија два последователни брана на пандемија во држвава, самото тоа во пракса укажува дека музичарите и нивната дејност не се причина за ширење на заразата како што неосновано и без аргументи бевме обвинувани, затоа ние како здружение по (веќе и самите незнаеме по кој пат) апелираме и бараме да не вклучите во изготвување на протоколи во овој сегмент од нашата дејност која е тесно поврзана со угостителските објекти и конечно после 15 месеци да продолжиме да го работиме тоа што најдобро го умееме -ДА СВИРИМЕ!!!
ЗА СИТЕ СЛЕДНИ ЧЕКОРИ КОЈ ВКЛУЧУВААТ И СЕРИЈА НА ПРОТЕСТИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ДОПОЛНИТЕЛНО СО СООПШТЕНИЕ, ПО ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ МЕРКИ ОД КОМИСИЈАТА НА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ПОЈАСНУВАЊЕ ПОСЕБНО НА ДЕЛОТ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА МУЗИЧКАТА ДЕЈНОСТ
Со почит,ЗУПМ “МУЗИКА СЕГА”