ПОКАНА за прес – конференција за медиуми – 19.05.2021

Кординативното тело на шесте сродни музички здруженија, составено од: ЗУПМ – Музика Сега, Здружение на Естрадни Уметници – Скопје, Охридски Музички Еснаф, Естрада – Битола, Естрада – Струмица и Сојуз на професионални музичари – Скопје; кои што имаат потпишано меморандум за соработка на 30.01.2021 година во Охрид, кој вклучува и заеднички настап пред релевантните фактори во државава, по повод  последните случувања врзани за 6-от пакет мерки т.е. јавниот повик на Владата за шестиот пакет мерки, посебно мерката бр.4 каде се опфатени музичарите и доделувањето на финансиска поддршка, ве покануваме Вас, ценетите претставници од медиумите на заедничка прес конференција,  која ќе се одржи во среда, 19.05.2021 година, пред Младинскиот центар (МКЦ) во Скопје, во 11:00 часот.

Ќе бидат обелоденети и објавени нашите следни чекори, НАЈАВА ЗА МИРЕН ПРОТЕСТ и ИЗРАЗУВАЊЕ НА НЕЗАДОВОЛСТВО ПРЕМА ОВОЈ ЈАВЕН ПОВИК и менување на критериумите на конкурсот сѐ до исполнување на нашите разумни барања кои се рефлексија на фактот дека единствено ние како фела сме со забрана на дејност (Службен Весник — 166/20 и 169/20) од почетокот на оваа пандемија и дека оваа ситуација која нѝ е наметната и во која се наоѓаат музичарите од цела држава, независно на кој етникум и националност припаѓаме, ЗА СИТЕ НАС е веќе тотално НЕИЗДРЖЛИВА.

Почитувани новинари и медиумски куќи, искрено се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате на прес-конференцијата и ве видиме во што поголем број на истата.

Со почит, 

КТ на музичките здруженија:

ЗУПМ – Музика Сега,

Здружение на Естрадни Уметници – Скопје,

Охридски Музички Еснаф,

Естрада – Битола,  

Естрада – Струмица,  

Сојуз на професионални музичари – Скопје.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on print
Share on email

Работно време

Понеделник - Петок / 8.30-16.30

Неработни денови

Викенди/Официјални празници

Барање за членство во ЗУПМ-Музика Сега