Трајко Симоновски е роден во 1970-та во Скопје. Со музика се занимава професионално од 1993 година во Загреб каде студира ветеринарен факултет, но и создава релативно успешна кариера. По враќањето во Скопје 1995 - та, го оформува бендот „The Blue Funk Individuals“ со кој ќе постават нови стандарди на клубската сцена во Македонија. Од 1999 година, „TBFI“ стануваат пратечка група на една од најголемите музички поп ѕвезди кај нас, Тоше Проески со кого свират сѐ до неговата прерана смрт во 2007-та. Во 2016 година ја завршува Музичката академија при УКИМ - Скопје. Во меѓувреме, го формира бендот Лилит со кого и денес работи авторски материјал. Соработувал/свирел со сите најеминентни имиња како: Архангел, Гаро и Парамециум, Игор Џамбазов, Антонија Гиговска, Каролина Гочева, Калиопи, Владо Јаневски, настапувал на „Македонски идол“, „Златна Бубамара “, „Со Жаре еден на еден “ и безброј други.