Почитувани колеги, членови и поддржувачи на Музика Сега.
Сакам да ве известам дека вчера, 30.01.2021г, по покана од здружението Охридски Музички Еснаф (ОЕМ), во Охрид се оддржа состанок на претставниците на најголемите 6 музичарски здруженија од земјава. На тој состанок, за прв пат беше направен обид да се унифицараат нашите ставови, агенди и механизми со цел на покоординирано и секако поквалитетно работење. Можеме да констатираме дека состанокот беше успешен, беа утврдени целите, се потпиша и меморандум за соработка а беше формирано и координативно тело со претседателите на здруженија како негови претставници. Целта на тоа тело е подобра координација но и фокусирана енергија за што поефикасно да ги оствариме нашите зацртани цели. И без да ни беше посочено од други фактори, на секој од нас ни беше јасно дека мораме да се окрупниме и да настапуваме заеднички на еден фронт, ентитет.
Сега таа позиција си чини ја имаме и веќе од утре започнуваме со конкретни делувања, поготово околу 5 тиот пакет мерки. Ова е важен, историски момент за нас каде сите колеги сме обединети околу иста цел.
Ве молиме за ваша поддршка и доверба во идниот период. Ние секако, секоја наредна информација ќе ја споделуваме со вас.
За крај, само да потсетам: активни членови на ова здружение се само тие кои уредно платиле членарина, а само активните членови ќе бидат ставени на листата за помош. Едноставно, не постои друг начин.
Имајте убав почеток на неделата, борбата продолжува!
Трајко Симоновски
Претседател на ЗУПМ Музика Сега, Скопје