Соопштение

Почитувани членови и поддржувачи на ЗУПМ Музика,
пред два дена(17.03.2021) бевме поканети и примени во кабинетот на Премиерот, г- динот Зоран Заев и Вицепремиерот г – динот Фатмир Битиќи. Разговарано е за сите барања кои беа изнесени на прес конференцијата на шесте музички здруженија која беше одржана на 09.03.2021 во просториите на МКЦ. Со умерено задоволство можеме да кажеме дека нашите барања околу финансиска помош, рестриктивните мерки и другите барања што беа презентирани и разгледани од страна на Премиерот и Вицепрамиерот, во голем дел наидоа на разбирање и поддршка што поскоро да се надминат проблемите. Ни беше сугерирано дека било каков однос кон државата и институциите би функционирал многу подобро доколку ние се окрупниме и направиме комора. Со самото тоа, ги превземаме во свои раце алатките за креирање на нашата судбина. Но, тоа решение сепак ќе бара време, нешто што ние го немаме со оглед на се. Затоа е уште позначајна итната финансиска помош за која разговаравме и добивме начелно позитивно разбирање. Неофицијално тоа би требало да се стори најрано и финансиска помош би добиле активни членови на некое од музичките здруженија кои се НЕВРАБОТЕНИ. Како, кога и колку, тек ќе се договара но извесна е желбата што поскоро да ни се помогне. Исто така речено е дека рестриктивните мерки можно е да почнат да се олабавуваат после Велигденските празници и нивното темпо ќе зависи од епидемиолошката состојба. Истото важи и за другите барања/можности и идеи кои се однесуваат на краткорочните но и долгорочните подобрувања на состојбите на музичарите кај нас.
Да додадеме уште и дека бевме контактирани и од други политички фактори кои се чини ја пратат нашата ситуација и сакаат да помогнат. Не радува фактот дека интересот се зголемува а со тоа и можноста да се решат дел од нашите проблеми и долгорочно. Ние ќе продолжиме да го заземаме конструктивниот, позитивен курс, јасно да ги кажуваме нашите намери и проблеми притоа грижејки за состојбата на нашите колеги и воопшто музиката.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on print
Share on email

Работно време

Понеделник - Петок / 8.30-16.30

Неработни денови

Викенди/Официјални празници

Барање за членство во ЗУПМ-Музика Сега