Почитувани колеги, членови на „МУЗИКА СЕГА“.
Изминатиов период иако можеби надвор од радарот на јавноста, ЗУПМ „МУЗИКА СЕГА“
оствари неколку мошне важни средби. Една од најважните секако беше online состанокот со министерката за култура г – ѓа Ирена Стефоска, одржан на 19.04.2021. На тој едночасовен разговор истакнавме неколку за нас важни точки, каде првата секако беше молба да се номинираат двајца претставници на Министерството за култура во работната група на вице премиерот г- дин Фатмир Битиќи која е формирана со цел подобра инплементација на 5 – тиот и 6 – тиот пакет мерки. Воедно таа работна група од утре започнува со реализација на проектот Комора на музичарите на РСМ, нешто што го дискутиравме и со министерката, а за кое имаме нејзина целосна поддршка. Понатаму, беа дискутирани проблематичните исплати на самостојните уметници и блокираните сметки на ТП ( траговци – поединци ), на што Министерката веднаш препорача известување до УЈП и понатамошен ангажман околу сите други „проблематични“ теми. Со задоволство заклучивме дека имаме заеднички интерес за решавање на нашиот статус и понатамошно унапредување на истиот.
Овие денови имаме и интензивни разговори со Здружението на естрадни уметници со чиј што претседател сме Копретседатели на Координативното тело на сите здруженија на музичарите. Ова е исто така многу важно бидејќи во претстојниот период, сите заедно ќе работиме на структурирањето на идната комора. Сметаме дека конструктивниот пристап е основа на секое здружување, па така во иднина сите овие разговори ќе се интензивираат, сѐ со цел излегување од кризата, но и нов почеток по истата.
Со почит,
Претседател на ЗУПМ „МУЗИКА СЕГА“
Трајко Симоновски