Почитувани колеги, членови на „МУЗИКА СЕГА“.
Вчера, 19.05.2021, одржавме прес конференција за медиуми на платото пред Младинскиот културен центар (МКЦ), Скопје, на која ги истакнавме проблемите околу 6-от пакет мерки. Точка по точка, образложивме зошто НЕ се согласуваме со истиот и каде сметаме дека институциите можеле да бидат пофлексибилни со оглед на фактичката состојба и периодот без апсолутно никакви приходи. На страна што голем дел од тие точки беа веќе прифатени во разговорите што ги имавме со институциите.
Еден е проблемот што произлегува од непостоењето на ставката „членови на здруженија“, со што се подрива нашиот и вашиот труд и ангажман околу изготвување на реални регистри. Друго е што поради краткиот рок, секако и поради условите, многу од апликантите нема да добијат помош. Трето е што се изоставени цели категории на наши членови, како самостојни уметници и социјални случаи. Има и други. но вие секако ќе можете и самите да ги согледате последиците од вака поставениот конкурс. Повторно ќе потенцирам, баравме да бидеме консултирани за сѐ поврзано со музичката фела токму за да спречиме ваков епилог. Зошто тоа не се случи и нам не нѝ е јасно особено што разговорите добија динамика и имаше барем декларативно, разбирање од сите страни.
Ние како здружение немаме право на вас да ви сугерираме да не аплицирате. Секој денар нѝ е потребен, тоа е јасно. Но, исто така знаеме дека ова не е тоа за што се боревме. Затоа сакаме да ви кажеме дека ако не добиете помош, тоа не е поради наша, ниту ваша грешка. Тоа ќе е епилог од наметнатите услови и нашето делување по истите. Ние не ги диктираме истите, ние само можеме да реагираме по нив. Правото на мирен протест секако нѝ преостанува поготово ако нашите денешни барања не бидат ислушани и доколку Вие како наше членство, тоа го побарате. Поводи за мирен протест има повеќе (една од нив-сеуште актуелната забрана за дејност и непопустливоста на Комисијата во однос на олабавување на овие мерки). Но, доколку рокот не се продолжи, тогаш тој протест ќе биде задоцнет, т.е откако ќе заврши конкурсот (25.05.2021). Ние сѐ уште ги разгледуваме сите опции, но не можеме, ниту сакаме да стоиме на пат на вашето аплицирање за помош. Како што кажавме, ние сме сите на истото дереџе и ве разбираме ако се одлучите на истото.
Очекувајте дека ќе ви се обратиме со нови информации ако/штом ги имаме.
Борбата продолжува!
Со почит,
Претседател на ЗУПМ „МУЗИКА СЕГА“
Трајко Симоновски