Почитувани членови на Музика Сега.
На интернет се појави документ „ Финална евалуација “ во кој наводно стојат недообработени податоци на членови на музички здруженија кои би требало да добијат помош.
Со оглед на тоа дека изгледа како да нашите членови нема да добијат помош, сакам да ве известам дека веќе е испратен официјален mail до посебниот советник на вице премиерот Битиќи, г – динот Александар Талмиџиоски во кој го известуваме дека Музика Сега ГО ПРЕДАДЕ СВОЈОТ РЕГИСТЕР ВО АРХИВАТА НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАРИЈАТ на денот на нашиот протест, 4 Јуни 2021г.
Рок за предавање на регистрите никогаш не бил назначен.
Зошто никој не нѐ контактирал до сега, не е наша грешка бидејќи организаторот на конкурсот знае многу добро дека ние постоиме, нѐ има во контакт листата и веќе сме имале состаноци.
Па така, од утре секако дека ќе го известиме и премиерот и сите релевантни фактори дека ние од наша страна уредно си ги извршивме потребните задачи за да сѐ биде во ред. Нема да дозволиме да помине ова и веќе комуницираме со Хелсиншки комитет за да ја спречиме оваа грешка.
Со почит,
Трајко Симоновски
Претседател на
ЗУПМ “МУЗИКА СЕГА”