Почитувани членови на Музика Сега,
Сакам да ве известам дека добиваме поплаки за неисплатени средства. Од тие кои доаѓаат од наши активни членови а кои навремено аплицирале, скоро сите се проверени дека им се коректни податоците и дека од наша страна, не би требало да има проблем со исплатата. Кај некои членови, бројот на трансакциска сметка беше 3 – 4 пати проверуван и потврдено точен, состојбата уредна а сепак не им е исплатена помош. Каде е проблемот, во овој момент не можеме да кажеме но сите тие членови ќе бидат ставени на листа за ревизија која ќе ја пратиме до надлежните.
Со почит,
Трајко Симоновски