УПРАВЕН ОДБОР

ТРАЈКО СИМОНОВСКИ

Трајко Симоновски е роден во 1970-та во Скопје. Со музика се занимава професионално од 1993 година во Загреб каде студира ветеринарен факултет, но и создава релативно успешна кариера. По враќањето во Скопје 1995 - та, го оформува бендот „The Blue Funk Individuals“ со кој ќе постават нови стандарди на клубската сцена во Македонија. Од 1999 година, „TBFI“ стануваат пратечка група на една од најголемите музички поп ѕвезди кај нас, Тоше Проески со кого свират сѐ до неговата прерана смрт во 2007-та. Во 2016 година ја завршува Музичката академија при УКИМ - Скопје. Во меѓувреме, го формира бендот Лилит со кого и денес работи авторски материјал. Соработувал/свирел со сите најеминентни имиња како: Архангел, Гаро и Парамециум, Игор Џамбазов, Антонија Гиговска, Каролина Гочева, Калиопи, Владо Јаневски, настапувал на „Македонски идол“, „Златна Бубамара “, „Со Жаре еден на еден “ и безброј други.

НИКОЛА АВТОВСКИ

Никола Автовски роден 09.01.1978 година во Скопје – завршил средно музичко образование при МБУЦ „Илија Николовски Луј“. Дипломира на „Факултетот за музичка уметност“ при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како музичар теоретичар и педагог (МТП), за потоа да дипломира и на „Академијата за информациони технологии - Александрија“ на отсекот за компјутерски мрежи. Последниве 20 години е активен на домашната музичка сцена како инструменталист (Бас Гитарист), но освен што е активен на музички план како изведувач - член на Биг Бандот на МРТ (2012-2018), член на Народниот оркестар на МРТ (2014-2020), член на групата Арија (1998-2021), настапувано на сите позначајни фестивали во државата и надвор од неа, соработувано со еминентни странски и домашни естрадни звезди во концертната дејност, се потпишува и како автор, аранжер и продуцент на преку 600 снимки и повеќе проекти на домашно и меѓународно ниво на поп, фолк и џез музика (Макфест, Скопски Фестивал, Цветници, Фолк-Фест Валандово, Биг Банд МРТ, независни изведувачи) и добитник на неколку награди на некои од нив. Моментално работи и твори во Скопје Р. Македонија.

ВИКТОР НИКОЛОВСКИ

Завршил средно образование во музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, отсек: Музичка теорија и Педагогија, со облигат ударни инструменти. Своето музичко образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек – бас гитара. Во 2004 година почнува да свири во бендот на Каролина Гочева, во кој останува активен се до 2012-та. Од 2005 година, па до денес е дел од познатиот скопски кавер бенд South Park. Учествува во многу проекти како Темпера, Мугер Фугер, со Македонската филхармонија со проектот „Рок симфонија“ на Дани Димитровска и др. Се појавува како музичар изведувач на повеќе аудио изданија (Нокаут, Каролина Гочева, Мугер Фугер) и автор (South Park) и др. На групата НОКАУТ и се придружува во 2006 година, во која сè уште редовно членува. Од 2015 година, членува во составот на македонската пејачка Тамара Тодевска.

Работно време

Понеделник - Петок / 8.30-16.30

Неработни денови

Викенди/Официјални празници

Барање за членство во ЗУПМ-Музика Сега