Почитувани колеги, членови и поддржувачи на Музика Сега.
Сакаме да ве известиме дека на барање на членовите, членарината ќе може да се плати и после 12 ти февруари кој беше назначен како последен датум.
Со оглед на нејасната состојба произлезена од објавувањето на точката 11 од петтиот пакет мерки, овој рок дополнително ќе се пролонгира. Ова е пред сѐ поради фактот дека сеуште нѝ се приклучуваат нови членови, а некои од различи причини не успеале да платат.
Но, веднаш да напоменеме дека ако тоа од нас биде побарано, тој рок ќе биде скратен со цел праќање на регистерот на членови до надлежните институции. Затоа ве молиме, подмирете ги своите обврски на време за да бидеме спремни ако тоа ситуацијата го бара од нас.
